Makeup Monday (македонски)

 Контурите во шминкањето
За успешен завршен резултат првото нешто што една девојка треба да го знае е како со помош на шминката да ги истакни убавите црти на своето лице,а да ги сокрие и промени оние кои не и се баш омилени. Вашата шминка не може да биде успешна доколку не знаете како правилно да го нашминкате вашето лице. Стојам зад тоа дека не ви требаат ниту мачкестите очи, ниту познатиот smoky eye за да изгледате фантастично, се што ви треба е да знаете правилно да го осветлувате и затемнувате вашето лице и да знаете како да ги пополувате вашите веѓи.
 Шминката е тајното оружје на секоја жена/девојка, со помош на техниката за осветлување и затемнување вие можете да манипулирате со вашето лице.  Многу важно е да знаете дека иако е универзално за сите кои делови од лицето треба да се осветлат, а кои затемнат за постигнување на познатиот Kim K изглед, оваа техника мора да ја адаптирате според вашето лице. На пример: Девојка која има големо чело треба да затемнува на нејзиното чело од линијата каде и почнува косата и затемнувањето да го приближи не премногу, но сепак доволно блиску до веѓите, а да осветли само меѓу нив и над нив. Додека девојка која има мало чело треба затемнувањето на своето чело да го направи блиску до линијата на нејзината коса,а остатокот од нејзиното чело да го осветли. Ова е вака бидејќи со затемнувањето креираме сенки на нашето лице и со тоа ги смалуваме некои од деловите на нашето лице (помал нос, потанко лице, помало чело и с.л.). Осветлувањето се прави на деловите од лицето кое сонцето нормално би ни ги осветлило, но има тенденција да ги зголеми некои работи на нашето лице. Можеби веќе сте виделе некоја од овие слики, но на сликата која ја најдов од оваа девојка се потрудив да ви направам илустрација за полесно да го сватите се ова за што ви пишувам(се извинувам ако е лоша илустрацијата, стварно се потрудив J)
Значи осветлувањето ни е Сонцето, а затемнувањето ни се сенките кое Сонцето ги создава на нашето лице.

·         Затемнување
Ги затемнуваме нашето чело, образи и брада со помош на затемнувањето во вид на бројот 3(започнуваме од челото,а завршуваме со брадата исцртувајќи 3 на нашето лице( од двете страни)). Затемнувањето на нашите образи започнува од висина на средината на нашето уво, а следи права линија до аглите на нашата уста. Фактот што ја следи оваа права линија, никако не значи дека затемнувањето треба да биде до нашата уста. Главно треба да се задржите во близина на увото, а линијата да зафаќа  1/3 до половина од вашиот образ. Кога ја затемнувате вашата брада, не заборавајте затемнувањето да го продолжите на вашиот врат затоа што во спротивно ќе имате нееднаков тен. Доколку сакате да го стесните вашиот нос затемнете ги  страните на коската, а доколку сакате да му дадете повеќе форма на крајниот дел од вашиот нос затемнете го и него. Доколку не користите сенки затемнете го делот од капакот кој се собира кога ќе го отворите окото.
·         Осветлување
Oсветлете под вашите очи во форма на триаголник за да ги осветлите и вашите образи. Осветлете ја средината на коската од вашиот нос помеѓу двете затемнати лини кои ги направивте. За да постигнете изглед на поголема уста осветлете ја дупката на вашата горна усна. Осветлете над и под вашите веѓи за да им дадете поубава форма и да ги направите вашите очи поголеми. Не заборавајте да ја осветлите средината на вашето чело и внатрешниот агол на вашите очи. Екстра совет: осветлете под затемнувањето на вашите образи за поистакнати јаболчници.
·         Вашето руменило ставете го на вашите образи помеѓу затемнатиот и осветлениот дел.
За да го направите сето ова во практика постојат два начини:

  1.            Купете две течни пудри: едната за една нијанса посветла од вашата кожа, а      другата за една нијанса потемна од вашата кожа. Потемната пудра ставете ја на деловите од лицето кои сакате да ги затемните, а посветлата на оние кои сакате да ги осветлите и на крај соединете ги на вашето лице со помош на четка или сунгерче за пудра.
  2.         Ставете пудра што е иста нијанса со вашата кожа на целото ваше лице. Со помош на коректор ( англиски concealer, не corrector( тоа се два различни продукти за шминкање)) кој е за една нијанса посветол од вашата пудра, осветлете ги оние делови на вашето лице кои сакате да ги осветлите, а со помош на bronzer затемнете ги оние делови од вашето лице кои сакате да ги затемните
Запомнете вашето затемнување  да остане матно, а во вашето осветлување може да има сјај/светулки. Моја препорака за вас е и осветлувањето и затемнувањето да ги направите со мат продукти, а доколку сакате да му дадете сјај на вашето лице да ставите од познатите highlighters на вашите образи и светликава сенка под вашите веги и во внатрешниот агол на  вашите очи. Вашето руменило може да биде и мат и сјајно во зависнот од тоа како вие го преферирате.
П.С. Некои зборови од англиски се потрудив да ги преведам најлогично што можев на македонски (contour- затемнување, highlight-осветлување и др.), а сметам дека за некои производи како bronzer и highlighter нема соодветен превод.

1 comment:

  1. Anonymous4/02/2015

    I love reading blogs and this is one of my most favorite blogs because I enjoyed a lot at this source thank you so much! Armani EA7 pas cher

    ReplyDelete